Претседателот на Општина Будва, Никола Јовановиќ, бил претепан во Будва. Според информации од Управата на полицијата, врз него напад извршиле тројца мажи, објави Мондо.
Во нападот, Јовановиќ се здобил со тешки телесни повреди.
Тој потврдил дека се наоѓа во болницата во Котор, но не сакал да изнесе повеќе детали.
Според неофицијални информации, Јовановиќ бил нападнат утринава кај градскиот базен, додека седел со пријатели.
Првичните податоци од истрагата покажуваат дека полицијата трага по тројца браќа, од кои едниот е заведен како член на организирана криминална група.
Другите двајца се членови на партијата Нова српска демократија, чијшто лидер е Андрија Мандиќ – воедно и претседател на Собранието на Црна Гора.