Претседателот на ГЕРБ, Бојко Борисов ја оцени како апсолутна провокација изјавата на премиерот Христијан Мицкоски во врска со впипувањето на Бугарите во македонскиот устав.
– Зборовите на македонскиот премиер Христијан Мицкоски се апсолутна провокација. Не треба да им се обрнува внимание. Тие можат да го прават тоа – рече Борисов.
Борисов додаде дека бугарското Министерство за надворешни работи соодветно одговорило на провокацијата.
На изјавата на Мицкоски вчера реагираше и претседателот на Има таков народ, Слави Трифонов, кој порача дека „сите оние, предводени од Мицкоски, преку криви макарони ќе ја видат Европската Унија“.
Премиерот Мицкоски вчера одговарајаќи на пратенички прашања во Собранието, изјави дека суштинското прашање е зошто во Македоника, каде има околу 700-800 Бугари, кои декларираат дека мајчин јазик им е бугарскиот, треба да бидат ставени во Уставот, додека Албанија со 8.000 Бугари според бројките од пописот, го нема тој услов.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
Copyright 2025 OhridSky
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
