Бегалецот водач на кланот Кавач, Радоје Звицер, е осуден на 16 години затвор за шверцување на 743 килограми кокаин, потврди за „Вијеста“ Ивана Вукмировиќ, независна советничка за односи со јавноста на Високиот суд во Подгорица.
Еден од водачите на тој клан, Слободан Кашќелан, е осуден на 13 години, а Игор Божовиќ е осуден на истата казна, објавува „Вијести“.
Милан Вујотиќ и Драган Кнежевиќ се осудени на по 11 години затвор.
Првостепената пресуда ја изрече судијката Соња Кековиќ.



























