Пресуда за онкологот што призна вина на 22 септември

Lorita
By Lorita
6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Основниот кривичен суд Скопје на 22 септември ќе ја објави пресудата за второобвинетата за случајот Онкологија, онкологот Мери Пешевска, која призна вина. Пешевска заедно со поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев и уште двајца онколози е обвинета за несовесно лекување пациенти.

За делото што ѝ се става на товар на Пешевска е предвидена казна затвор до 3 години.

Обвинителката Ана Гоговска Јакимовска денеска во завршниот збор рече дека обвинетата изразила искрено признание и каење и дека во текот на целата постапка и пред ЈО и во Судот има примерно поведение.

– Меѓутоа има и отежнителни околности. Тоа е дека последиците од дејствијата е што кај 7 пациенти дошло до нарушување на здравјето. Како онколог имала зголемена должност на внимание, како и тоа дека неовластениот пристап и користење на факсимилот се случувало во континуитет. Имајќи ги в предвид сите околности и признание на вина, ЈО предлага Судот да ја прогласи за виновна и казни согласно закон – рече Гоговска Јакимовска.

Бранителот на Пешевска, адвокат Влатко Китановски во завршниот збор рече дека иако обвинетата призна вина дека од небрежност постапила, треба да бидеме искрени и да се запрашаме дали овој доктор треба да биде гледан како криминалец.

– Тоа што ги споделила со друг доктор своите лични податоци и факсимил Мери немала намера или корист, туку цел да им помогне на пациентите. Тоа што некој ги злоупотребил треба да одговара за тоа – изјави Китановски.

Според Китановски, не може да ја осудуваме за момент на небрежност, кога целокупниот работен век служи на пациентите и спасување на животи.

– Не треба да се фокусираме само на моменталната грешка, туку и на целокупниот напор и вложување во својата професија. Затоа барам од Судот да изрече соодветна санкција која ќе биде и казна, но и ќе овозможи обвинетата да продолжи да лекува пациенти – изјави адвокатот.

Бранителот на Пешевска претходно изведе докази за олеснителните околности за Пешевска, како допис од Клиниката дека е вработена од 2002 година и во 2025 е назначена за раководител и оти во нејзината досегашна работа немало поплаки против неа, дека е мајка на две деца. Покажа сертификати од конгреси и обуки, благодарници од дома и од странство, како и документи дека нема забрана за вршење дејност, ниту дека е осудувана.

- Advertisement -
Ad image

– Со овие докази одбраната покажува дека обвинетата како доктор дава несебичен однос како кон третман така и кон лекување на сите пациенти и дека дава несебичен однос на работното мест – рече адвокатот.

Обвинетата Пешевска, пред Судот рече дека целиот свој живот го посветила на пациентите и дека на Клиниката за онкологија е вработена од 2002 година, а од 2007 година е специјалист онколог.

– Јас сум го дала или оставила корисничкото име и лозинка во амбуланта, а факсимилот на шалтер, со цел пациентите навремено да завршат со терапија и да се вратат дома. Никогаш не сум помислила дека тоа ќе биде злоупотребено од страна на доктори онколози, како што било случај сега. Ваквата состојба и пракса била присутна не само на нашата клиника, туку во целиот комплекс. Досега сме имале почит кон колегите и оттука јас од мојата небрежност и невнимание сум ги ставила своите лични податоци на располагање и истите биле злоупотребени. Сакам да кажам дека оттогаш, а се мрднам од амбуланта печатот е со мене и се исклучувам од системот и го гасам компјутерот. Мој термин, порано на шалтер закажуваа прегледи, сега исклучиво тоа го правам јас – изјави Пешевска.

- Advertisement -
Ad image

Судскиот процес го води судијката Снежана Марковска.

Пешевска, вработена на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, на минатото рочиште пред Основниот кривичен суд Скопје призна вина.

Пешевска, пред Судот тогаш рече дека за седумтемина пациенти за кои е обвинета не е сигурна дека таа ја продолжувала терапијата зошто, како што рече, нејзиниот печат во тој период стоел на шалтер и тоа го направила со цел побрзо да ја земат терапијата и да не чекаат пациентите.

– Совесно и одговорно тврдам дека мојата лозинка во системот и печатот и сум ги оставила на шалтер и ги користеле практиканти и ја прифаќам вината – изјави Пешевска.

Васев и двајцата обвинети Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, на минатото рочиште негираа вина.

Обвинението ги товари лекарите за продолжени Тешки дела против здравјето на луѓето и за Несовесно лекување, при што кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна проценка на здравствената состојба.

Покрај ова, против Васев и поранешниот економски директор на Клиниката е поднесено уште едно обвинение за злоупотреба на службена положба и за проневера, со штета од над 2,2 милијарди денари на државниот буџет.

Share This Article