Background

ПРЕСАДЕНА МУ Е КОЖА НА ПАЦИЕНТ ШТО СЕ ЛЕКУВА ВО СОЛУН

Македонскиот здравствен систем во моментов се справува со над 170 пациенти со изгореници, што е огромен предизвик, а здравствениот систем заслужува признание за ефикасноста во справувањето со кризата, изјави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, на денешната прес-конференција на претставници на Кризниот штаб во Владата. Според него, оваа ситуација бара специфично искуство, што било причина за испраќање на пациентите во специјализирани институции надвор од земјата.

Клековски истакна дека во последните 4 години во Македонија имало 28 случаи на изгореници, од кои 6 биле со висок степен на изгореници, 11 сложени случаи со трансплантација на кожен графт и 11 лесни случаи со трансплантација на кожен графт. Во 2024 година имало само 5 тешки случаи со висок степен на изгореници.

На Клиниката за пластична хирургија во 2022 година биле регистрирани 2 тешки случаи, во 2023 година 7, а во 2024 година 2 случаја, што вкупно изнесува 11 случаи во последните 3 години.

- Advertisement -
Ad image

– Ова го кажувам за да разбереме зошто некои одлуки се такви какви што се. Ние сега се справуваме со најмалку 170 пациенти со изгореници, како здравствен систем, и мораме да му оддадеме признание на здравствениот систем – појаснува Клековски.

Фондот испратил само 5 случаи на лекување во странство од 2017 година – 1 во Белгија, 1 Истанбул и 3 во Софија. Од нив, 2 случаи во Бугарија биле лекувани дури 2 години, а еден пациент до 2025 година.

Потребна е трезвена анализа за отворање специјализиран центар за изгореници

Во врска со можноста за отворање специјализиран центар за изгореници во Македонија, Клековски нагласи дека ова прашање бара трезвена анализа. Тој појасни дека дури и поголеми држави имаат само еден или два такви центри бидејќи хирурзите, кои ги третираат овие повреди, мораат редовно да работат на вакви случаи за да ја одржат својата експертиза. Според него, одлуката дали да се инвестира во таков центар или да се продолжи со соработката со специјализирани установи во соседството, треба внимателно да се разгледа.

– Мораме трезвено да ги разгледаме нашите можности и не велам не, но ако има потреба, сепак ќе биде центар за изгореници со 4 легла, а не со 20, 40, 50 легла – потенцира Клековски.

Тој посочува дека има и други точки кои треба да се подобрат во здравството.

– Не сакам да ширам лажен оптимизам… Затоа постојат механизми за солидарност кои се активираат бидејќи никој не може сам да се справи со такви несреќи, па и поголеми држави од нашата – потенцира Клековски.

Почнаа пресадувања на кожа кај повредените

Клековски посочи дека на еден пациент веќе му е извршена трансплантација на кожа на рацете во Солун. Тој додаде дека Македонија е во контакт со Фондацијата во Холандија, која располага со банка на кожни графтови, со цел да се обезбедат графтови за пациентите во Македонија.

Директорот на ГОБ „8 Септември“, Синиша Стојаноски, изјави дека состојбата на пациентите е стабилна и дека медицинските тимови работат на отстранување на изумреното ткиво за да се создадат услови за заздравување. Во болницата моментално се лекуваат 15 пациенти, а планирано е да бидат примени уште тројца.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation