Background

Пресадена е коска од донор при оперирање стапало со деформитет

На Клиниката за ортопедија е извршена уште една трансплантација со коска од донор. Интервенцијата е извршена кај 12-годишен пациент, кој е претходно опериран поради деформитет на левото стапало со користење шраф. По повторна појава на деформитетот, се одлучи да се извади ставениот штраф и да се замени со трансплант од донор кој дава подобра и постабилна корекција, информираат денеска од Министерството за здравство.

Оттаму додаваат дека пациентот бил испишан во гипсена имобилизација и по 6 недели ќе започне со процес на рехабилитација.

– Оперативната интервенција ја изведе проф. д-р Зоран Божиновски со својот тим асистенти Теодора Божиновска, Симона Карапанџевска, анестезиологот Јадранка Зафировска со анестетичарот Златка Апостолова, инструментарката Билјана Тројановиќ и со помошен персонал Костадинка Вучковиќ и Сејнур Идриз. Сакам да им изразам благодарност и почит на медицинските работници и сите чинители кои учествуваат во процесите на трансплантација – изјави националниот координатор за трансплантација, доктор Билјана Кузмановска.

- Advertisement -
Ad image

Во изјавата на Кузмановска се додава дека нивната цел е зголемување на свеста за органодарителство, „како највисока и најблагородна форма на хуманизам, што е возможна само благодарение на храброста, несебичноста и на емпатијата на семејствата на донорите“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation