Бројот на работниците во индустријата во февруари годинава, во однос на истиот месец лани, е намален за 4,1%, соопшти Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, бројот на работниците во секторот „рударство и вадење камен“ во февруари 2025 година, во однос на февруари 2024 година, бележи опаѓање за 2,3%, во секторот „преработувачка индустрија“ за 4,3% и во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ од 1,5%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во февруари 2025 година, во однос на февруари 2024 година, бележи опаѓање кај Енергија за 2,6%, кај Капитални производи за 6,3%, Интермедијарни производи, освен енергија за 1,3% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,3%, додека пораст бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка од 18%.
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – февруари 2025 година, во споредба со првите два месеца од 2024 е помал за 3,8%
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
