ПРЕНЕСУВАЛЕ ДРОГА ПОД ХАУБА ОД СКОПЈЕ ДО ГЕВГЕЛИЈА

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека во соизвршителство сториле – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. По претходен договор и заедно, тие на 17 март во возило „Волксфаген голф“ со скопски регистарски ознаки од Скопје до Гевгелија превезувале психотропна супстанција амфетамин во вкупна количина од 1.491 грама, соопшти вечерва Јавното обвинителство.

Амфетаминот, информира Министерството, се нафатиле да го пренесат за трето лице по кое се трага, за сума од 300 евра.

„Пратката во три најлонски пакувања ја презеле од локација во Аеродром и ја сокриле под хаубата на автомобилот. Со себе ја зеле и девојката на второосомничениот за која е поведена постапка за – Непријавување кривично дело или сторител од член 364 став 2 од Кривичниот законик. Возејќи кон Гевгелија и кон локацијата на која требало да го остават амфетаминот, биле запрени од полициски службеници пред наплатната станица во близина на селото Смоквица. Поради претходни оперативни сознанија, обезбедена е наредба од судија на претходна постапка и извршен претрес на возилото, при што била пронајдена психотропната супстанција. Јавниот обвинител до Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор за двајцата соизвршители“, се вели во соопштението.

Share This Article