Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија одреди премија од 1.500.000 денари за евентуален пласман на женската репрезентација на Светското првенство кое ќе се одржи во 2025 година.
Оваа одлука беше споделена во соопштението на Ракометната федерација на Македонија.
„Ве известуваме дека Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија, согласно член 35, 59 и 60 од Статутот поради итност на донесување на одлука согласно член 3 точка 11 „Одлука без присуство“ од Законот за здружение и фондации (Сл. весник на РМ бр. 52 од 16.04.2010 год.) на ден 07.04.2025 година донесе одлука за доделување на парична награда.
Управниот одбор на РФМ одреди парична награда за македонската сениорска женска ракометна репрезентација за успешен пласман на претстојното светско првество преку квалификациски бараж натпревари против репрезентацијата на Полска во рамки на Women’s World Championship 2025 – Qualification Europe Phase 2 во висина од 1.500.000,00 денари нето износ“, се наведува во соопштението на РФМ.
Бараж натпреварите против Полска ќе бидат одиграни на 9. април во Кошалин и 12. април во Битола.