Премиерот верува дека и соларниот парк набргу ќе стане реалност

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Очекувам кон крајот на јуни да се постави камен темелник за ветерниот парк кој ќе биде во рамките на три општини – Штип, Карбинци и Радовиш, инвестиција од близу половина милијарда американски долари. Очекувам инвеститорот до тогаш да ги заврши сите проекти и се што е потребно за оваа инвестиција да стане реалност, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски.

За инвестицијата во соларниот парк кај некогашниот карго аеродром во Штип, посочи тој, има некои работи кои се нивелираат во насока на три прашања, но дека е оптимист дека се успешно ќе заврши и дека и оваа инвестиција ќе стане реалност.

– Првото прашање е категоријата на земја за кое мислам дека е веќе надминато, бидејќи имаме категорија на земја која не би сакале да ја урбанизираме на ваков начин, а е земјоделско земјиште што го користат земјоделците за обработка и производство на храна. Второто прашање е околу откупот на електричната енергија и цената и третото околу балансирањето, односно инсталирање на така наречени батерии кои ќе ја складираат произведената електрична енергија за да може да се користи во периодот на денот кога нема сончева радијација – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по доделувањето клучеви од новата зграда наменета за социјално ранливите семејства во Општина Кочани.

Премиерот нагласи дека мисли оти ќе се најде соодветно решение и дека и таа инвестиција ќе стане реалност, но посочи дека не може ништо подетално да зборува додека се не се испегла.

 

Share This Article