Премиерот на Црна Гора, Милојко Спаиќ, изјави дека местото на целиот Западен Балкан е во Европската унија и дека Црна Гора очекува да стане членка на Унијата во 2028 година.
Тој синоќа, на социјалните мрежи, се согласи со ставот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дека најдобро решение е целиот регион заеднички да влезе во ЕУ, и изрази уверување дека Црна Гора ќе го оствари членството веќе во 2028 година.
„Се согласувам дека за целиот Западен Балкан Европската унија треба да биде конечна дестинација. Но, ние ќе ве чекаме таму уште од 2028 година, и навистина посакуваме да забрзате и да ги охрабрите и останатите кандидати во соседството“, напиша Спаиќ на мрежата Икс.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера изјави дека најдобра идеја би била сите кандидати од Западен Балкан да бидат примени истовремено, како полноправни членки на ЕУ. Тој додаде дека ова ќе го предложи на средбата со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
– Ако примите една, или две, или три од нас, што ќе биде со останатите? Како ќе се справиме со тоа? Како ќе ги решиме сите отворени прашања? – рече Вучиќ на панелот „Европска конкурентност во фрагментираното геополитичко опкружување“, во рамките на форумот Белтокс.
Тој додаде дека станува збор не само за иднината на регионот, туку и за иднината на Европа.
Веднаш по оваа изјава, хрватските медиуми почнаа да известуваат за неа. Тие оценуваат дека идејата на Вучиќ е помирлива и охрабрува развој, но сепак ја нарекуваат „надреална“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
