Премиерот Мицкоски го честиташе денот на светите браќа Кирил и Методиј

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати честитка по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, истакнувајќи ја нивната историска улога во создавањето на словенската писменост и во зачувувањето на идентитетот на народите.

„Дозволете ми од мое лично име и од името на Владата да ви го честитам 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј“, наведува Мицкоски во неговата објава на социјалната мрежа Фејсбук, нагласувајќи дека нивната мисија и денес претставува симбол на обединување.

Тој потсети дека браќата од Солун, кои ја создадоа глаголицата – основа на подоцнежното кирилско писмо – ја ширеле идејата дека силата на еден народ и држава лежи во образованието, науката и во писменоста.„Благодарение на нивната духовност и посветеност, денес можеме да ја развиваме сопствената култура и наука на мајчиниот јазик“, рече премиерот, додавајќи дека образованието е темел за опстанок и развој на секоја држава.

Мицкоски ги нарече Светите Кирил и Методиј „благородни по срце и ум“ и им оддаде признание што ни го оставиле „најголемиот подарок – писмото, словото, гласот на нашиот идентитет“.

„Таа борба за право на свој глас и за своја духовност е основата на нашата вековна борба за самостојност, идентитет и национално достоинство“, подвлече премиерот.

На крајот, тој порача дека нивната мисија продолжува преку секој ученик што учи да чита, секој писател што твори, секој наставник што пренесува знаење бидејќи „тие не се само минато – тие се вековен мост кон иднината“.

Share This Article