Background

Прекинот на снабдувањето преку нафтоводот Дружба ги испразни резервите на рафинериите

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Унгарската енергетска компанија МОЛ објави дека побарала од Министерството за енергетика за повлекување нафта од стратешките резерви со цел да се обезбеди снабдување на рафинериите по прекинот на испораките преку нафтоводот Дружба од 27 јануари.

- Advertisement -
Ad image

МОЛ планира да го покрие недостигот со нафта што ќе ја испорача по море, меѓутоа пристигнувањето на оваа набавка ќе потрае , па затоа бара периодот да го покрие со државни стратешки резерви.

Првите пратки на пратката која треба да патува по море треба да пристигнат во хрватското пристаниште Омишаљ на почетокот на март и ќе бидат потребни дополнителни пет до 12 дена за да стигнат до рафинериите на групацијата МОЛ. Ова би значело дека нема да пристигнат до средината на март.

– Доколку снабдувањето со нафта од исток не се нормализира во наредните денови, Унгарија можеби ќе мора да ослободи 250.000 барели нафта од стратешките резерви, во првата рунда – велат од МОЛ.

Од компанијата додаваат дека се во контакт со словачката влада со цел да се обезбеди навремена реакција на Братислава на ситуацијата. МОЛ е сопственик на словачката рафинерија Словнафт со капацитет од 124.000 барели нафта дневно.

Прописите на Европската унија наложуваат Унгарија и Словачка да имаат нафта во своите стратешки резерви доволна да се покријат  90 дена.

Сегашната ситуација не претставува закана за малопродажбата на горива и не предизвикала нарушување во снабдувањето на пазарот, нагласи MOL во соопштението за медиумите, истакнувајќи дека тие континуирано ја следат ситуацијата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation