Филмската ѕвезда на „Спајдермен“, Том Холанд, бил итно префрлен во болница по неуспешен каскадерски потфат во продолжението на серијалот за супер јунакот.
Според „Дејли меил“, Холанд бил итно префрлен во болница откако сцена со каскадери тргна наопаку, со што снимањето на блокбастерот од 150 милиони долари беше прекинато.
Холанд (29) претрпел повреда на главата по пад на снимањето во студио во Велика Британија и бил итно префрлен во болница каде што му бил дијагностициран потрес на мозокот. Се верува дека снимањето на „Спајдермен“ ќе биде прекинато неколку недели додека не се опорави.
Британските медиуми добиле информации и од службата за брза помош која била повикана на студискиот сет.
– Бевме повикани во петокот во 10:30 часот поради повреден пациент. Брза помош беше испратена на местото на настанот, а пациентот беше префрлен во болница за понатамошна нега.
Таткото на актерот, Доминик Холанд, им изјавил на медиумите дека неговиот син ќе биде отсутен од снимањето некое време, по што Холанд бил виден на добротворна вечера со својата свршеница и колешка Зендаја, но го напуштил настанот порано бидејќи не се чувствувал добро.