Background

Предупредување за оние што имаат страв од пајаци: царинските власти објавија фотографии од заплена на околу 1.500 млади тарантули пронајдени во пластични садови, скриени во кутии од чоколадни бисквити, испратени на аеродром во западна Германија

Предупредување за оние што имаат страв од пајаци: царинските власти објавија фотографии од заплена на околу 1.500 млади тарантули пронајдени во пластични садови, скриени во кутии од чоколадни бисквити, испратени на аеродром во западна Германија, објави Гардијан.

Цариниците изјавија дека пратката била откриена на аеродромот Келн-Бон, во пакет што пристигнал од Виетнам. Портпаролот на царинската служба во Келн, Јенс Ахланд, изјави дека цариниците биле предупредени од „карактеристичен мирис“ кој не наликувал на очекуваниот мирис од 7 килограми чоколадни слатки.

„Моите колеги на аеродромот редовно се изненадени од содржината на забранети пратки од целиот свет, но фактот што најдоа околу 1.500 мали пластични садови со млади тарантули ги остави без збор дури и најискусните меѓу нив“, рече Ахланд во соопштение.

- Advertisement -
Ad image

Тој ја нарече заплената „вонредна“, но изрази и тага што „некои луѓе се подготвени да им го прават ова на животните само поради профит“.

Голем дел од суштествата не преживеале при транспортот, што е сомнително кршење на германските прописи за заштита на животните. Преживеаните биле предадени на грижа кај специјализиран чувар, се наведува во соопштението.

Ахланд изјави преку телефон дека моментално се прави проценка на вредноста на пратката.

Против примачот на пратката, кој се наоѓа во регионот Зауерланд, источно од аеродромот, се води кривична постапка – меѓу другото и за неплаќање соодветни увозни давачки и непријавување на стоката кај царината, соопштија властите.

Тарантулите биле откриени пред околу 3 недели, но царината објави фотографии од случајот дури во понеделникот.

Сликите од тарантулите можете да ги погледнете ТУКА ако имате силен желудник и немате страв од пајаци.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation