Background

Предложени засилени санкции против Русија

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Европската унија подготвува нов пакет засилени санкции против Русија поради војната во Украина, со фокус на енергетиката, финансискиот сектор и трговијата. Предлог-мерките денеска ги соопшти претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, нагласувајќи дека целта е дополнително да се ограничи способноста на Москва да ја финансира војната.

- Advertisement -
Ad image

Според предлогот на Комисијата, се предвидува целосна забрана за поморски услуги поврзани со руската сурова нафта, мерка што би се спроведувала во координација со земјите од Г7. Воедно, се предлагаат и построги услови за набавка на танкери за т.н. „флота во сенка“, како и забрана за обезбедување услуги за одржување на танкери и мразокршачи за течен природен гас.

Во финансискиот сектор, на списокот со санкции се додаваат уште 20 руски регионални банки, а предвидени се и нови ограничувања поврзани со криптовалутите, со цел да се спречи заобиколување на постојните мерки.

Комисијата предлага и нови ограничувања за извоз во Русија на стоки и услуги – од гума и трактори до услуги за сајбер безбедност – во вкупна вредност од над 360 милиони евра, објасни фон дер Лајен.

Кога станува збор за увозот, се предлага забрана за метали, хемикалии и есенцијални минерали во вредност од повеќе од 570 милиони евра, како и воведување квота за амонијак.

За прв пат, Европската унија планира да ја активира и алатката против заобиколување на санкциите, со која би се забранил извозот на сите дигитални контролни машини и радио-уреди за кои постои висок ризик да завршат на рускиот пазар.

Дополнително, Комисијата предлага посилни правни заштитни мерки за компаниите од ЕУ, со цел да се заштитат од кршење на правата на интелектуална сопственост и од неправедна експропријација во Русија преку злоупотреба на судски одлуки поврзани со санкциите.

Предлог-пакетот треба да биде разгледан од земјите членки, по што ќе следи одлука за негово усвојување.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation