Кандидатот за нов канцелар на Германија сака следната недела да ја стави на гласање резолуцијата со која се предлага да се прогласи вонредна состојба во земјата поради приливот на илегални мигранти, објави денеска Билд.
Според изданието, Мерц, кој е кандидат на конзервативната Христијанско-демократска и Христијанско-социјална унија (ЦДУ/ЦСУ), сака да прогласи вонредна состојба во врска со азилот, што би го заобиколило европското законодавство на германските граници.
– На мигрантите треба постојано да им се забранува влез на границите на Германија, а оние од кои законски се бара да ја напуштат земјата треба да бидат притворени до депортација – пишува Билд.
Германската Федерална криминалистичка полиција во октомври објави дека во 2023 година бројот на мигранти осомничени за кривични дела, не сметајќи ги прекршувањата на законите за имиграција, се зголемил за 25,1 отсто во споредба со претходната година.
Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фесер нареди во септември да се воведат привремени контролни мерки на сите германски копнени граници за да се намали приливот на мигранти како дел од борбата против терористичката закана.
Во писмото со објаснување до Европската комисија, Фезер рече дека ресурсите на земјата и на поединечните држави за прифаќање мигранти се „практично исцрпени“.