Background

Правно лице го оштетило буџетот за 178.370.320 денари

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против директорот и неколку службени лица во РЕК Битола-Новаци и против три лица од Бирото за јавни набавки. Во соопштението се вели дека со реализација на Договорот за ископ на инвестициска откривка во Рудник Брод Гнеотино, пријавените овозможиле правното лице РУД-КОП ДООЕЛ Битола да оствари противправна имотна корист, со што на Буџетот на РСМ направена е штета во висина од 178.370.320 денари.

Управата за финансиска полиција до основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против П.М во својство на директор на АД ЕСМ, во државна сопственост Скопје-Подружница РЕК Битола-Новаци, Д.П во својство на службено лице во АД ЕСМ- подружница РЕК Битола, Б.Ѓ. во својство на службено лице во АД ЕСМ- подружница РЕК-Битола, Т.А во својство на службено лице во АД ЕСМ -подружница РЕК Битола, С.М. во својство на службено лице во АД ЕСМ- подружница РЕК Битола, А.К. во својство на службено лице во АД ЕСМ- подружница РЕК Битола, Љ.С. во својство на службено лице во АД ЕСМ -подружница РЕК Битола, поради основано сомнение дека го сториле кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 став 1 од КЗ.

Кривична пријава е поднесена и против А.М.С во својство на службено лице во Бирото за јавни набавки, А.У во својство на службено лице во Бирото за јавни набавки и Д.Ј. во својство на службено лице во Бирото за јавни набавки поради основано сомнение дека го сториле кривичното дело несовесно работење во службата по член 353-в став 4 од КЗ.

- Advertisement -
Ad image

Од Финансиската полиција денеска соопштија дека првопријавениот П. М. во постапката за јавна набавка бр.11935/2022 за ископ на инвестициска откривка во Брод Гнеотино, ја искористил службената положба и овластувања како директор на РЕК Битола, на начин што на ден 19.08.2022 година, донел Одлука за избор на најповолна понуда, со која Одлука противправно ја отфрлил понудата на Гранит АД Скопје иако понудувачот Гранит АД Скопје бил најефтин и доставил прифатлива понуда согласно член 2 став 11 од Законот за јавни набавки и спротивно на член 112 став 1 од ЗЈН противправно за најповолна понуда ја избрал поскапата понуда на РУД-КОП ДООЕЛ Битола и на ден 03.10.2022 година склучил Договор и рамковна спогодба за ископ на инвестициска откривка во Рудник Брод Гнеотино и Анекс 1 кон Основниот Договор од 21.09.2023 година на износ од 849.600.000 денари.

„Второпријавениот Д. П, третопријавениот Б. Ѓ. и четвртопријавениот Т. А, во својство на членови на стручна комисија за спроведување на отворена постапка за јавна набавка објавена со Оглас бр/11935/2022 од РЕК Битола, ја искористиле службената положба и овластување како членови на стручната комисија задолжена за евалуација на техничката и професионалната способност на пристигнатите понуди, на начин што пријавените при евалуација на пристигнатите понуди, противправно дoнеле мислење и предлог до Комисијата за јавни набавки за отфрлање на понудата на Гранит АД Скопје, иако понудувачот Гранит АД Скопје бил најефтин и доставил прифатлива понуда согласно член 2 став 11 од Законот за јавни набавки, на кој начин пријавените ја ограничиле конкуренцијата и овозможиле првопријавениот П. М, во својство на директор на РЕК Битола да донесе Одлука за избор спротивно на член 112 став 1 од ЗЈН и да склучи договор за јавна набавка – рамковна спогодба за ископ на инвестициска откривка Рудник Брод Гнеотино со поскапиот понудувач РУД КОП ДООЕЛ Битола“, се додава во соопштението.

Петтопријавената С. М, во својство на претседател на комисијата за јавна набавка, шестопријавената А. К. и седмопријавениот Љ. С, во својство на членови на комисијата за спроведување на отворена постапка за јавна набавка објавена со Оглас бр/11935/2022 од РЕК Битола, ја искористиле службената положба и овластување како членови на комисијата за јавни набавки, на начин што пријавените во Извештајот од спроведена постапка за ЈН бр.11935/2022 противправно ја оцениле како неприфатлива понудата на Гранит АД Скопје, иако понудувачот Гранит АД Скопје бил најефтин и доставил прифатлива понуда согласно член 2 став 11 од Законот за јавни набавки, на кој начин пријавените ја ограничиле конкуренцијата и овозможиле првопријавениот П. М., во својство на директор на РЕК Битола да донесе Одлука за избор спротивно на член 112 став 1 од ЗЈН и да склучи договор за јавна набавка – рамковна спогодба за ископ на инвестициска откривка Рудник Брод Гнеотино со поскапиот понудувач РУД КОП ДООЕЛ Битола.

Во соопштението се појаснува дека осмопријавената А. М. С во својство на раководител на одделението за управна контрола при БЈН, деветопријавената А. У во својство на виш соработник за управна контрола во одделение за управна контрола при БЈН и десетопријавената Д. Ј. во својство на помлад соработник за контрола на постапката за јавна набавка во одделението за управна контрола при БЈН, со пропуштање на должен надзор несовесно постапиле во вршењето на своите овластувања и должности при вршење на управна контрола на постапка за јавна набавка бр.11935/2022 спроведена од РЕК Битола за што е изготвен Записник од извршена управна контрола бр.17-1316/3 од 06.09.2022 година, со кој Записник наместо да му наложат на договорниот орган да изврши повторна евалуација на понудите согласно член 177 став од ЗЈН, со записникот, на договорниот орган противправно му дале инструкции да продолжи со постапката за јавна набавка, на кој начин го одобриле образложението на Комисијата за јавни набавки и стручната комисија при РЕК Битола за отфрлање на понудата на Гранит АД Скопје, иако понудувачот Гранит АД Скопје бил најефтин понудувач и доставил прифатлива понуда согласно член 2 став 11 од Законот за јавни набавки, со што пријавените противправно ја ограничиле конкуренцијата и овозможиле првопријавениот П. М. , во својство на директор на РЕК Битола да склучи договор за јавна набавка – рамковна спогодба за ископ на инвестициска откривка Рудник Брод Гнеотино со поскапиот понудувач РУД КОП ДООЕЛ Битола.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation