Топ Вести - Слушај сега
Неколку други правни субјекти се под постојан надзор, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со очекувањата од владината одлука за контролата врз сите фирми што имаат лиценци за производство на медицински канабис.
– Не случајно кажав дека ќе бидат откриени десетици тони, а можно е да дојдеме и до 100 тони канабис, но сега не е моментот тоа да го споделувам со јавноста – рече Мицкоски.
На прашање како е можно да се злоупотреби производството на медицински канабис, премиерот рече дека тоа е постигнато со „правилник кој е направен на диво месо, спротивен на законот“.
– Сите фармацевти од фелата знаат дека кога се одгледува цвет од канабис на отворено, тој никако не може да ги задоволи стандардите кои се потребни за да се екстрахира масло од канабис. Очигледно некој, носејќи го тој правилник, свесно влегол во кривично дело, тоа е почетокот на организираниот криминал – рече Мицкоски.
На прашање дали се размислува за формирање меѓуресорско државно тело или комисија за контрола на дроги, како што беше формирано во минатото, ама не е активно, премиерот рече дека Владата е меѓуресорското тело.
– Оние битанги коишти се занимаваа со овие незаконити дејанија, најголем дел се во затвор, зад решетки. Има уште некои кои во периодов што следи ќе се најдат таму. Мораме да покажеме дека криминалот не е исплатлив и жестоко ќе биде санкциониран. Нема да има пардон додека јас ја предводам Владата. Кога ќе дојдат некои други, тие ќе си имаат свои автентични позиции. Знаете до пред 4-5 години какви битанги и бараби хараа по Скопје и по Македонија, фала му на бога, денес тоа го нема, а тие се онаму каде што се – рече Мицкоски.
Tagged as:
ПРАВИЛНИКОТ ЗА КАНАБИСОТ Е ПОЧЕТОКОТ НА ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
