Background

Пратениците во грчкиот Парламент вечерва ќе одлучуваат по барањето на четирите опозициски партии за гласање недоверба на Владата поради железничката несреќа кај Темпи, додека низ цела Грција се закажани нови протести

Пратениците во грчкиот Парламент вечерва ќе одлучуваат по барањето на четирите опозициски партии за гласање недоверба на Владата поради железничката несреќа кај Темпи, додека низ цела Грција се закажани нови протести, јави дописничката на МИА од Атина.

Гласањето е на крајот од тридневната расправа што започна во средата, а засега не се очекува предлогот да биде изгласан, со оглед на тоа што пратеничката група на владејачката Нова демократија има мнозинство од 156 пратеници, од вкупно 300 во Парламентот.

Иницијативата е на ПАСОК, со поддршка од СИРИЗА, Нова левица и на Курс на слобода, а барањето, што е потпишано од 85 пратеници, се фокусира на железничката несреќа кај Темпи и на безбедноста на транспортот, но се осврнува и на владеењето на правото, скандалот со прислушувањата и на поскапувањата на цените.

- Advertisement -
Ad image

На гласањето, што се очекува да биде околу 21 часот, ќе му претходат говори на лидерите на сите политички партии, како и на грчкиот премиер.

Паралелно со расправата, закажани се и низа протести.

Точно напладне, учениците и студентите ќе одржат протести во Атина и во други грчки градови, а демонстрации ќе има и вечерва, во исто време со гласањето.

Во 19 часот пред Парламентот во центарот на Атина, разни организации, здруженија, работнички центри, синдикати и студентски здруженија ќе одржат нов протест, паралелно со расправата на пратениците и со гласањето по предлогот за недоверба на Владата.

Протест имаше и во средата, на првиот ден од расправата во Парламентот, а по завршувањето на официјалниот дел се случија сериозни инциденти меѓу групи маскирани лица и полицијата.

Граѓаните, преку протестите имаат за цел уште еднаш да испратат порака дека бараат правда за железничката несреќа и за да бидат виновниците казнети.

Железничката несреќа кај Темпи се случи на 28 февруари 2023 година во директен судир на патнички и на товарен воз, при што загинаа 57 лица.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation