Познатиот кошаркарски ас Никола Јокиќ уште еднаш ги воодушеви Американците. Во шестиот натпревар, покажа зошто го сметаат за најинтелигентен играч во НБА. Кога неговиот соиграч направи лошо додавање, Јокиќ не ја зеде топката веднаш. Наместо тоа, ја пушти да врти кон аут-линијата и „украде“ повеќе од четири секунди за својот тим.
Потегот не го реши мечот, но откри како кошаркарот ја прочита ситуацијата. Играта беше во рацете на „господарот на времето“, како што некои го нарекуваат Јокиќ.
Кошаркарите на Денвер го победија тимот на Оклахома со 119:107 и изедначија на 3:3 во серијата.