Топ Вести - Слушај сега
Познатата американска телевизиска водителка Савана Гатри упати јавен апел за враќање на нејзината киднапирана мајка, велејќи им на нејзините потенцијални киднапери дека семејството е подготвено да разговара, но само откако ќе обезбедат доказ дека е жива.
Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп вети помош од федералните и локалните сили, пишува Скај њуз. Во емотивна видео порака објавена на социјалните мрежи, водителката на НБЦ, заедно со нејзиниот брат и сестра, им се обрати директно на киднаперите.
– Подготвени сме да разговараме. Сепак, живееме во свет каде што гласовите и сликите можат лесно да се манипулираат. Треба да бидеме апсолутно сигурни дека таа е жива и со вас. Сакаме да не контактирате и ние сме подготвени да ве слушнеме. Ве молиме контактирајте нè – рече таа.
Низ солзи, Савана ја опиша состојбата на нејзината мајка: „Нашата мајка е срцето на нашето семејство и нашиот дом. Таа има 84 години. Таа е со слабо здравје и има слабо срце. Живее во постојана болка. Нема лекови, а тие ѝ се потребни за да преживее и да не страда – рече таа.
Во видеото Савана испрати порака и до нејзината мајка: „Мамо, ако го слушаш ова, ти си силна жена. Ти си драгоцено Божјо дете.“
Ненси Гатри последен пат беше видена во сабота навечер во нејзиниот дом во близина на Тусон, Аризона. Таа беше пријавена за исчезната следниот ден откако не се појави во црква. Истражителите пронајдоа знаци на провала во домот и веруваат дека била киднапирана.
Неколку медиуми објавија дека добиле пораки претходно оваа недела во кои наводно се бара откуп, кои веднаш ги предадоа на полицијата. Властите сè уште не потврдија дали се автентични.
Савана Гатри е американска новинарка која се прослави во 2007 година како правен аналитичар, дописник од Белата куќа и водителка на NBC News. Гатри е и водител на утринската емисија „Today“ на NBC од 2012 година. Како член на тимот на емисијата „Today“, таа ја освои наградата „Daytime Emmy“ за извонредна утринска програма во 2020 година.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
