Познатата американска пејачка Кери Андервуд вчера пееше на инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп, но токму кога дојде редот да ја отпее добро познатата песна „America the Beautiful“, дошло до непријатност која и се видела на лицето.
Имено, Кери (41) требало да биде придружувана од хор и во позадина на големи звучници пред сите присутни да го покаже раскошот на својот глас во оваа патриотска песна. Ја довеле до центарот на кругот во главната сала каде што Доналд Трамп го одржа својот прв говор како претседател и таа почекала на сигналот да започне песната.
Сите станале и чекале речиси цела минута, а потоа музиката почнала, па престанала пред пејачката воопшто да се доближи до микрофонот. Таа се насмевнала и трпеливо ги гледала луѓето да и дадат знак кога може да започне и што се случува. Сите застанале, се погледнале и по две минути почнале да разговараат. Непријатната ситуација ја прекинала нејзината одлука да пее акапела. Таа започнала со зборовите кои ги упатила до сите: „Ако ги знаете зборовите, помогни ми“ и ја започнала песната.
Во позадина се слушале гласови од салата кои пеат заедно со неа, а таа успешно ја извела песната до крај. Кога завршила со пеењето, таа се поклонила, се заблагодарила и се поздравила со претседателот Доналд Трамп.
За настанот, таа носела едноставен сив фустан и блескава дијамантска нараквица.
На почетокот на овој месец, Андервуд потврди дека ќе пее на инаугурацијата на Трамп.
„Ја сакам нашата земја и чест ми е што ме замолија да пеам на инаугурацијата и да бидам мал дел од овој историски настан“, рече таа во изјава за „Пејџ сикс“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
