Пожарот во фабриката за слатки „Винчини“ во Виница е под целосна контрола, информираше вечерва директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Опожарени се три линии означени како 6, 7 и 8, од кои два се магацини, а сите имале сончеви панели на покривот, додаде Ангелов.
– Спасени се линиите од 1 до 5. Во гаснењето учествуваа пожарникари од противпожарните единици од Виница, Македонска Каменица, Делчево, Кочани, Пробиштип, Штип, Струмица, Кавадарци и од Велес – рече Ангелов.
За жал, неколку пожарникари се повредени.
– Неколку пожарникари се здобиле со изгореници на стапалата, откако се заглавиле во смола од стопен шеќер во еден од погоните. При обидот да ги одглават стопалата чизмите им останале во стопениот шеќер и згаснале во стопената смеса – информираше Ангелов.
Вечерва избувна и пожар во Делчево, кој исто како и пожарот во Виница, е тежок пожар, додаде Ангелов.
– Се работи за голем шумски пожар кој изби доцна вечерва на падините на планината Голак во близина на гробоштата во Дечлево. Меѓу другото зафатена е и борова шума – рече тој.
Изутрина овој пожар ќе се гасне со полициски хелокоптер, а по потреба и со „ер тракторите“.
– Ноќно време гаснењето е отежнато и ризично и претежно се оди на сопирање на огнот некој пат или чистина. На терен се повеќе екипи – рече Ангелов.
Tagged as:
Пожарот во фабриката за слатки „Винчини“ во Виница е под целосна контрола
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
