Пожарникарите во Бугарија се борат со шумски пожари на речиси 100 локации низ целата земја.
Жителите во погодените области се евакуирани, а на некои им се изгорени домовите, објавија локалните медиуми во понеделник. Пожар во подножјето на планината Пирин во југозападна Бугарија се прошири на илјадници хектари шума, објави Бугарското национално радио (БНР).
Уште еден пожар во градот Симитли уништи неколку куќи додека се ширеше кон Малешевската планина.
Повеќе од 200 пожарникари испратени во областа во саботата беа повлечени бидејќи силните ветрови им се закануваа по живот, соопштија властите, додавајќи дека очекуваат поддршка од други земји од ЕУ, објави Ројтерс.
На западот од земјата, пожар што избувна во саботата и брзо се прошири преку границата во Србија речиси го изгоре селото Рани Луг до темел, објави телевизијата Нова.
Властите соопштија дека три села се евакуирани и дека пожарот предизвикал значителна штета. Во соопштението, Министерството за внатрешни работи ја опиша ситуацијата со шумските пожари во Бугарија како „сериозна“.
Во недела попладне, голем пожар избувна во селото Козарево во југоисточната покраина Јамбол, при што изгореа неколку куќи, објави БНР.