Топ Вести - Слушај сега
Нафтената пумпна станица „Калејкино“, клучен логистички центар за извозниот нафтовод „Дружба“, била погодена во текот на ноќта во руската Република Татарстан. Според снимките што се проширија на интернет, избувнал голем пожар, а пламените се издигале високо над објектот.
Регионалните власти утрово потврдија дека е нападнат индустриски објект.
Во официјалното соопштение руските власти наведоа:
„Малиот пожар е предизвикан од остатоци од дрон. Нема повредени. Службите за итни случаи работат на отстранување на последиците. Ситуацијата е под контрола“.
Станицата „Калејкино“ важи за најмоќен објект од ваков тип во регионот. Таму се меша нафта од Западен Сибир и од регионот Волга, пред да биде испратена за извоз преку нафтоводот „Дружба“.
Објектот одржува притисок и континуиран проток на сурова нафта, а истовремено снабдува рафинерии во Татарстан.
Штетата на ваков објект би можела директно да влијае врз руската економија. Приходите од нафта и гас сочинуваат околу третина од федералниот буџет на Русија.
Од тие средства се финансира војната против Украина, пишува Украинска правда.
„Калејкино“ претставува една од почетните точки во синџирот што ги насочува ресурсите кон европските пазари.
Засега нема информации за обемот на материјалната штета.
Tagged as:
Пожар во клучна станица во Татарстан
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
