Топ Вести - Слушај сега
Вистинска драма се одвивала денеска на планината Јахорина, кога дете висело од жичара и во последен момент било спасено со брза реакција на присутните.
Според информациите објавени од регионални медиуми, на местото на настанот дошло до паника кога било забележано дека детето виси од седиштето на жичарата. На видеоснимка што се појави во јавноста се гледа како две лица го придржуваат детето додека висело, а останатите присутни притрчуваат за да помогнат безбедно да биде спуштено на земја.
Благодарение на навремената реакција, детето било успешно спуштено на земја. Засега нема официјални информации дали претрпело повреди.
Овој настан доаѓа само неколку дена по друг сериозен инцидент на истата планина, кога дете падна од жичара. Тогаш беше потврдено дека детето се здобило со повреда на ногата и било пренесено во болница, каде било задржано на лекување.
Очевидци кои присуствувале на претходниот инцидент сведочеа дека сè се случило во рок од една минута. Според нив, мајката го држела детето, но тоа се лизнало и паднало. Во моментот сите биле на скии и немало време за дополнителна реакција.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
