Повредените од „Пулс“ се соочуваат со долга и болна рехабилитација

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Специјалистичкиот тим лекари од скопските клиники ја заврши евалуацијата на состојбата на повредените од трагичниот пожар во клубот „Пулс“ во Кочани. Во изминатите неколку денови, во Општата болница со проширена дејност во Кочани биле прегледани повеќе од 110 пациенти кои претходно се лекувале во странство, а сега продолжуваат со физикална терапија и секојдневни преврски.

Дополнително, според директорката на болницата Кристина Серафимова, на преглед се јавиле и пациенти кои беа хоспитализирани на домашните клиники. Се очекува во наредните денови тимот на специјалисти да изготви извештај за актуелната здравствена состојба на повредените, два месеца по трагедијата.

Во моментов, 40 пациенти се вклучени во физикална терапија поради проблеми со движењето на зглобовите, додека кај 70 лица се вршат редовни преврски на изгорениците. Медицинските лица предупредуваат дека процесот на заздравување ќе трае со години, а пациентите мора строго да ги заштитуваат повредите од сонце и други надворешни влијанија.

Иван Ивановски од здружението „Support Kocani“ изрази загриженост за можноста од инфекции и компликации кај дел од повредените.

– Некои пациенти се со отворени рани, други имаат комплицирани повреди кои бараат дополнителни пластични интервенции. Наша најголема грижа е да не дојде до инфекции или сепса – рече Ивановски, нагласувајќи дека веќе имало случаи на оштетување на кожата при редовни преврски.

Недостигот од медицински персонал, особено медицински сестри, останува клучен проблем за болницата во Кочани. Во третманот на повредените помагаат и тимови од Штип, вклучително и лекари, физиотерапевти и инструментарки.

Share This Article