Повиците за бојкот на маркетите во регионот се проширија и во Грција, Бугарија во Косово, а нови повици за бојкот има во земјава, Србија, Босна и Херцеговина и во Хрватска

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Повиците за бојкот на маркетите во регионот се проширија и во Грција, Бугарија во Косово, а нови повици за бојкот има во земјава, Србија, Босна и Херцеговина и во Хрватска од каде што почна идејата за ваква реакција на граѓаните на високите цени.

Граѓаните се незадоволни од високите цени во маркетите кои во некои од земјите каде што ќе се бојкотира се повисоки и од оние во земјите на Европската Унија каде што стандардот и платите се далеку повисоки.

На социјалните мрежи се најавува нов бојкот на маркетите кај нас за утре. Акцијата е наречена „Црн петок за маркетите“.

Бојкотот што се одржа минатиот петок беше успешен, бидејќи прометот во маркетите, според пресметките на УЈП, беше намален за 47%.

Хрватската потрошувачката платформа „Ало, инспекторе“ најави обновен генерален бојкот на продавниците и услугите поради рекордни цени за петок, 7 февруари и седумдневен бојкот на еден малопродажен синџир од сабота.

Јосип Келемен, советник на платформата „Ало, инспекторе“, рече дека тоа го бараат потрошувачите.

– Потрошувачите побараа од нас да не се откажуваме и да продолжиме понатаму. Почнуваме сè повторно: од трговски синџири, пекари, услуги, производи – изјави Келемен за новинарите во Загреб.

Тој најави дека овој петок ќе се бојкотира секоја форма на купување производи и услуги, а од сабота ќе се одржи и бојкот на еден малопродажен синџир. Граѓаните ќе одлучат за кој синџир ќе биде тоа во анкета објавена на Фејсбук страниците на платформата.

Како мерка за помош на граѓаните во борбата против високите цени, Владата одлучи да ја прошири листата на производи со ограничени цени на 70 производи, наместо досегашните 30.

- Advertisement -
Ad image

По бојкотот на големите трговски синџири што се одржа во петокот на 31 јануари во Србија, Здружението за заштита на потрошувачите Ефектива ги повика граѓаните на нов бојкот.

Ќе се  бојкотираат петте големи трговски синџири – Делеза, во која се Maxi и Shop&Go, Меркатор, кои ги вклучуваат Idea и Roda, како и DIS, Lidl и Univerexport, јавија српските медиуми. Бојкот е планирано да трае од понеделник, 10 февруари до петок, 14 февруари.

Од Ефкетива наведуваат дека тој повик го поддржале и здруженијата на потрошувачи Просперитет од Нови Сад и Републичкиот сојуз на потрошувачи од Белград.

- Advertisement -
Ad image

И во Косово се појавија повици за бојкот на трговската мрежа на 10 февруари, како протест против високите цени.

Групата „Бојкотирај ги маркетите“ на Фејсбук ги повика граѓаните да не купуваат ништо во супермаркетите тој ден. Бојкотот ќе трае 24 часа.

„На 10 февруари нема да купуваме ништо во супермаркетите, а ако нашиот глас не се слушне, ќе преземеме и други мерки“, се наведува во најавата за настанот на Фејсбук.

Во групата се споделуваат статистики кои го споредуваат поскапувањето во Косово со цените во европските земји. Според податоците на платформата за трошоци на живот „Нумбео“ (Numbeo), литар млеко во Косово чини 1,35 евра, додека во Португалија 0,97 евра, во Германија 1,14 евра, а во Белгија 1,17 евра.

Една споредба покажува дека цените на некои основни производи во Косово и во Полска се слични, иако минималната плата во Полска е 1.725 евра, а во Косово 500 евра.

„Ниту во кеш. Ниту со картичка. Со бојкот!“, порачуваат организаторите.

Бугарското движењето „Системот нè убива“, Федерација на потрошувачите во Бугарија и Обединетите пензионерски синдикати на социјалните мрежи повикаа за национален протест.

„Во последните недели во трговските синџири и во сите помали продавници за прехранбени производи забележано е драстично зголемување на цените на стоките. Овој ценовен шок е вистинска катастрофа и за 800.000 пензионери кои живеат под прагот на сиромаштија, како и за сиромашните работниците во Бугарија, кои не можат да ги покријат основните трошоци за храна и живот. Бугарија е најсиромашната земја во Европската Унија, со животен стандард понизок и од некои земји од Западен Балкан, кои не се членки Европската Унија. Уште побезобразно е што цените на путерот, млекото, сирењето, месото и колбасите се повисоки во нивните бугарски филијали отколку во нивните земји во кои животниот стандард е неспоредлив со нашиот. На 13 февруари да им покажеме на трговците дека во Бугарија има граѓани кои повеќе нема да толерираат ценовно самоволие“, се наведува во објавата што ја пренесе 24 часа.

Грчките медиуми објавија дека на 19 февруари таму ќе има бојкот на маркетите.

 

Share This Article