Поранешниот израелски амбасадор во Франција, Ели Барнави и историчарот Винсент Лемир, денес го повикаа претседателот Емануел Макрон да воведе санкции против Израел, нагласувајќи ја „апсолутната итност“ на таквите мерки со оглед на тешката хуманитарна состојба на населението и израелските заложници во Појасот Газа.
„Господине претседателе, ако не се воведат итни санкции против Израел, ќе завршите со признавање на гробиштата. Треба да дејствуваме сега за да можат храната и здравствената заштита да влезат во Газа во големи количини“, напишаа Барнави и Лемир во колумна во францускиот дневен весник Монд (Le Monde).
„Како што знаете, само итни и конкретни санкции ќе имаат влијание врз израелското јавно мислење, а со тоа и врз израелската влада, за навистина да ја променат ситуацијата. Да се стави крај на гладот, да се обезбеди траен прекин на огнот, да се ослободат сите заложници, да се заштитат Палестинците на Западниот Брег, да се спаси Израел од самиот себе“, се наведува во текстот.Барнави и Лемир изразија верување дека изговорот за недостаток на европски консензус повеќе не е валиден, со оглед на тоа што францускиот претседател создаде „дипломатски моментум“ на 24 јули со тоа што изјави дека Франција ќе ја признае државата Палестина на Генералното собрание на ОН во септември. Велика Британија и Канада го објавија истото подоцна.
Текстот го осудува „двојниот стандард“, бидејќи Европската Унија издаде 18 пакети санкции против Русија, а ниту еден против Израел.
Ели Барнави беше амбасадор на Израел во Франција помеѓу 2000 и 2002 година.
Винсен Лемир е професор по историја на Универзитетот во Париз и беше раководител на Францускиот истражувачки центар во Ерусалим од 2019 до август 2023 година. Рангот полковник е највисок ранг во косовската полиција.