Повеќе од 340.000 пензионери од денес ќе добиваат за 2.500 денари повисока пензија, соопшти Министерството за труд.
Со линеарното покачување на пензиите во септември лани и мартовската пензија во април, пензионерите добиваат за 5.000 денари повисоки пензии за само 9 месеци мандат од оваа Влада.
„Покачувањето на пензиите беше едно од предизборните ветувања на оваа Влада, која веднаш, на првата владина седница, започна со постапката за нејзино реализирање.Како Влада и ресорно министерство ја потврдуваме грижата за нашата највозрасна категорија на граѓани. Продолжуваме и понатаму со креирање на политики и мерки кои ќе го унапредуваат квалитетот на живот на пензионерите“ се наведува во соопштението.