Првиот случај на лептоспироза, болест што се пренесува од заразени животни на луѓе, е потврден во Бијело Поље, Црна Гора, потврди денес црногорскиот Институт за јавно здравје.
Како што е објавено, од 2015 до мај 2025 година, во Црна Гора се регистрирани 18 случаи на оваа заразна болест, но нема пријавени смртни случаи, што, како што наведоа, укажува дека болеста е под контрола кога се дијагностицира и лекува навремено, објавува РТЦГ.
Најголем број случаи – 61 процент се регистрирани во Подгорица, додека преостанатите случаи се регистрирани во Бијело Поље, Беране, Даниловград, Будва, Улцињ и Тузи.
Лептоспирозата е болест што се пренесува од заразени животни на луѓе, а е предизвикана од бактеријата Leptospira spp, која може да се најде во контаминирана вода или почва. Бактериите што предизвикуваат лептоспироза се шират преку урината на заразените животни и можат да преживеат во контаминирана вода или почва со недели или дури месеци.
Различни диви и домашни животни можат да бидат носители на инфекцијата, вклучувајќи глодари, крави, свињи, коњи, овци, кози, кучиња и мачки.