Потрошувачките цени на кафето во Бразил беа пониски во јули за 1,01 % во споредба со претходниот месец, што е прв пад за година и пол

Lorita
By Lorita
1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Потрошувачките цени на кафето во Бразил беа пониски во јули за 1,01 % во споредба со претходниот месец, што е прв пад за година и пол, објави денес Бразилскиот институт за географија и статистика (IBGE).

Се проценува дека овој пад на малопродажните цени на кафето  во најголемата земја во Јужна Америка екако резултат на пониските цени што им се исплаќаат на земјоделците по бербата на овогодинешната реколта, која е при крај.

Во текот на изминатите 18 месеци, кафето беше еден од главните двигатели на инфлацијата во Бразил, вториот најголем пазар за кафе во светот, забележа IBGE.

Пријавениот пад на потрошувачките цени на кафето во Бразил за јули следеше по влијанието на флуктуирачките меѓународни пазари, првенствено поради одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе царина од 50% на бразилските стоки.

Минатата недела, фјучерсите за кафе во Њујорк пораснаа за 8 %, бидејќи инвеститорите се загрижени дека царините би можеле да ја попречат трговијата меѓу најголемиот потрошувач на кафе во светот, САД, и најголемиот производител и извозник во светот, Бразил.

Share This Article