Background

Потресно сведоштво на 85-годишна жена, ѝ завиткал ќебе на глава и ја давел!

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Додека надлежните органи истражуваат дали во Кумановско има сериски убиец, 85-годишната Росанка од кумановското село Челопек за телевизијата Сител сведочеше како била нападната и давена од непознато лице во нејзиниот дом.

- Advertisement -
Ad image

Според нејзиниот син станува збор токму за 25-годишниот Т.Б., кој е осомничен за убиството на М.С. (78) од истото село, а за кој органите истражуваат дали е во поврзано и со други убиства во кумановско.

Нападот врз жената се случил минатиот понеделник околу 14 часот. Непознато лице влегло во куќата и без да каже збор почнало да ја дави.

– Ми фрли ќебе преку глава. Си велам, кој е овој, не збори ништо, само почна да ме удира. Прво ме фати за гуша, силно, за да не можам да викам. Ме удираше по глава, и ме давеше долго – раскажува Росанка за Сител, истовремено покажувајќи ги повредите на лицето.

Според нејзиното сведоштво, во одреден момент се слушнале некакви звуци надвор, по што му паднал телефонот, тој престанал да ја дави и избегал.

– Дојдов малку до здив и си велам, Боже, која е оваа будала? 85 години имам, што сака од мене – рече жената.

Нападот врз Росанка се случил неколку дена пред во истото село да биде пронајдено телото на убиена 78-годишна жена со иницијали М.С. За убиството е осомничен 25 годишник од селото Драгоманце во општина Старо Нагоричане. Таа живееала сама во куќа покрај главниот пат во селото, но за истрагата сѐ уште е нејасно кога точно 25 годишникот го извршил чинот. Според обвинителството, настанот се случил во перидот од 27 јанури до 12 февруари. Токму, во тој временски интервал, на помалку од 500 метри, нападната била и другата жена, Росана.

Според соседите, истиот ден лицето било забележано во близина на нивниот дом, а подоцна и во близина на куќата во која е пронајдена мртва 78 годишната жена.

Од обвинителството се сомневаат дека 25 годишниот е можен сторител и на други убиства, па се проверуваат причини за смртта и на други жени од Старо Нагоричане. Направена е ексхумација на жена од околу 40 години која била почината пред околу еден месец. Обдукцијата е завршена во институтот за судска медицина, а се чекаат резултатите од ДНК анализата кои треба да откријат дали и таа жена била жртва на 25 годишникот.

Траги од осомничениот 25 годишник биле барани и кај постарата жена која го преживеала нападот. Извештајот од обдукцијата ќе се споредува со резултатите од ексхумираната жена, како и со трагите пронајдени во домот на починатата. Сите овие докази треба да откријат дали зад решетки е ставен сериски убиец.

– Осомничениот веднаш е лишен од слобода и од страна на јавниот обвинител му е определен притвор. Наредено е и психијатриско вештачење од страна на тим форензички психијатри од Институтот за психијатрија во Скопје – изјавија од Обвинителството.

 

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation