Топ Вести - Слушај сега
Постигнат голем напредок во мировните преговори меѓу Русија и Украина, рече денеска специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф.
– Време е ова да се заврши. Мислам дека ќе го завршиме ова. Охрабрен сум и оптимист. Преговорите сега се сведоа на едно прашање, па така, ако двете страни сакаат да го решат ова – ќе го решиме – рече тој на Светскиот економски форум во Давос.
Тој додаде дека се разгледани различни итерации на тоа прашање, „што значи дека е решливо“.
Виткоф смета дека создавањето на бесцаринска зона во Украина би претставувало „промена на правилата на игра“ за економијата на земјата.
Виткоф подоцна денеска ќе отпатува во Москва на состанок со претседателот на Русија, Владимир Путин, за да разговара за ставање крај на војната во Украина. Со Виткоф ќе биде и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер.
Специјалниот пратеник на САД претходно најави дека ќе се разговара за планот од 20 точки за прекин на војната, за кој рече дека е готов „повеќе од 90 отсто“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
