Со цел да се гарантира безбедноста на летовите, во моментов од грчките аеродроми се опслужуваат до 35 полетувања и слетувања, како и дел од транзитниот воздушен сообраќај во три сектори. Техничкиот проблем, со размер со кој надлежните се соочуваат за прв пат, сè уште се истражува, соопштија од Службата за цивилно воздухопловство на Грција, откако претпладнево, поради проблем со радиофреквенциите, беше затворен воздушниот простор над земјата, јави дописничката на МИА од Атина.
По неколкучасовен прекин во воздушниот сообраќај, постепено започнаа полетувања и слетувања од грчките аеродроми, пред сè од атинскиот, кој е најголем во земјата, каде што беа регистрирани доцнења на околу 75 летови.
Од Службата за цивилно воздухопловство информираа дека активностите за повторно воспоставување на радиофреквенциите продолжуваат во координација со надлежните надворешни институции, додека на оперативно ниво службата е во постојана комуникација со Европската организација за безбедност и координација на воздушниот сообраќај – EUROCONTROL.
Од најголемата телекомуникациска компанија во Грција, ОТЕ, соопштија дека по известувањето од Службата за цивилно воздухопловство е извршена првична проверка, при што не биле утврдени технички проблеми во нивните системи. Сепак, од компанијата нагласуваат дека се во тесна соработка со надлежните служби за да се помогне во утврдувањето на причините и во изнаоѓањето решение.
Проблемот со радиофреквенциите се појавил околу 9:30 часот утрово. Извори од Министерството за транспорт на Грција претпладнево брифираа дека одредени фреквенции што ги опслужуваат потребите на ФИР Атина – воздушниот простор на земјата – се соочуваат со технички пречки.
Како што беше посочено, проблемот се истражува во соработка со надлежни надворешни институции, а со цел целосно да се зачува безбедноста на летовите, моментално се опслужува само дел од прелетите и се воведени ограничувања на грчките аеродроми.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
