Турскиот фудбалски клуб Галатасарај планира да започне кривична постапка против тренерот на Фенербахче Жозе Мурињо, обвинувајќи го за расистички коментари по натпреварот од првенството меѓу двата истанбулски тимови.
По вчерашното реми што го одиграа Галатасарај и Фенербахче, португалскиот тренер наводно упатил навредливи коментари кон турскиот народ.
„Денес неговата реторика ескалираше. Официјално покажуваме намера за покренување кривична постапка во однос на расистичките изјави на Жозе Мурињо и соодветно ќе поднесеме официјални жалби до УЕФА и до ФИФА“, објави синоќа Галатасарај.
Мурињо оваа сезона беше суспендиран поради критики за судиите и лигата, а по синоќашниот натпревар изјави дека ја поздравува одлуката странски судија да го води натпреварот и го пофали Словенецот Славко Винчиќ за „одличниот настап“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖