Женската македонска ракометна репрезентација и покрај поразот попладнево од Словенија со 27:18 во последното коло од квалификациите за ЕХФ ЕУРО 2026 избори пласман Европското првенство што ќе се игра во Полска, Турција, Чешка, Словачка и Романија. Македонските ракометарки го освоија третото место во групата 3, зад Германија и Словенија, а пред Белгија, воедно успеаја да се изборат да бидат една од четирите најдобро третопласирани селекции од шесте групи.
Ракометарките со песна прославија за пласманот.
На дуелот со Словенија, домаќинот кој важеше и за фаворит ја потврди улогата и веќе во првиот дел обезбеди предност и по 30 минути игра резултатот беше 15:8. Во вториот дел Словенките има во неколку наврати двоцифрена предност.
Најдобар поединец во македонскиот состав беше голманката Андреа Илиќ, која дуелот го заврши со 14 одбрани, додека Андреа Јанкуловска беше најпрецизна со 4 голови.
Европското првенство ќе се одржи од 3 до 20.декември 2026 година ќе се одржува во Полска, Романија, Турција, Чешка и Словачка. Ова за женскиот ракометен национален тим ќе биде осмо учество на Европско, а трето во низа.
Македонските ракометари во групата од квалификациите со Германија, Словенија и Белгија го освоија третото место и како една од четирите најдобро третопласирани репрезентации од шесте групи заедно со Исланд, Украина и Грција ќе бидат дел од 24-те репрезентации кои ќе учествуваат. Без пласман останаа: Италија и Финска.
Директен пласман на шампионатот имаа земјите ко-домаќини: Полска, Романија, Турција, Чешка и Словачка, како и трите најдобро пласирани селекции од претходното првенство: Данска, Норвешка и Унгарија.
Секако учество преку квалификациите изборија и двете првопласирани репрезентации од шесте групи: Франција, Хрватска, Холандија, Швајцарија, Германија, Словенија, Црна Гора, Фарски острови, Шведска, Србија, Шпанија и Австрија.
Финалето ќе се игра во Катовице, а извлекувањето на групите ќе биде во текот на следната недела, кога ќе бидат познати и ривалките на македонските ракометарки во групата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
