Background

Пораст на откупот во земјоделството за 27%

Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од откупот на земјоделски производи, кој како што истакна постојано се зголемува, бидејќи колку повеќе се произведува помалку ќе се увезува. Порастот на откупот, според него, исто така, е и показател на тоа дека за оваа Влада земјоделците се приоритет.

-Многу сум задоволен од откупот на земјоделски производи. Зошто? Затоа што во вториот квартал имаме околу 60-тина милиони евра повеќе споредено со она што беше во минатото. Имаме повеќе од 26 – 27% повеќе откупени земјоделски производи споредено со истиот период минатата година, кои што како количина се за 7% повеќе споредено со истиот период минатата година – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање дали е задоволен од извештајот на Државниот завод за статистика за откуп на земјоделски производи.

Земјоделците, додаде тој, се еден од приоритетите на оваа Влада.

- Advertisement -
Ad image

-Тоа го покажавме изминатите 14 месеци, веќе е 15-тиот месец како што сме избрани како Влада и во таа насочка очекувам да продолжиме и во иднина, затоа што производството на храна ни е исклучително важно, бидејќи колку повеќе произведуваме, толку помалку увезуваме – рече премиерот.

Македонија, нагласи тој, во минатото беше позната како земја производител и извозник на храна, особено на земјоделски производи, така и ќе продолжиме во иднина, главен фокус во нашиот периметар да бидат земјодејците.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation