Поранешниот српски фудбалер Душко Тошиќ одлучи да помине време со своите ќерки Атина и Ника, па заедно ја напуштија Србија и отпатуваа за Мајорка.
Атина и Ника, кои претежно престојуваат во Белград со нивната мајка, пејачката Јелена Карлеуша, се познати по тоа што често патуваат и често ги споделуваат своите авантури на социјалните мрежи. Ника е особено активна на ТикТок и Инстаграм, каде што следбениците можат да следат детали од нејзиниот приватен живот.

Па така Ника објави видео на кое се гледа како таа, нејзината сестра и татко ѝ се качуваат во авионот, со опис: „Додека другите мразат, јас уживам. Мајорка нè чека“.
По пристигнувањето на овој популарен остров, Ника сподели фотографии од местото кое во моментот го привлекува вниманието на бројни светски ѕвезди и инфлуенсери. Инаку, оваа сезона во истото одморалиште престојува и еден познат пар – Џастин и Хејли Бибер.

Иако е зафатен со работни обврски, децата за Тошиќ се на прво место, па затоа ги исполнува сите нивни желби и го поминува слободното време со своите наследници.
За потсетување Душко и Ника беа на Европското првенство во фудбал што се одржа минатата година. Кратко потоа, тој ги изненади Атина и Ника и нивните пријатели со патување во Цирих за да присуствуваат на концерт на нивната омилена пејачка Тејлор Свифт.

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
