Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши излезе од полициската станица Карпош, со лисици, придружуван со неколку полициски службеници.
Полицајците го качија во полициско комбе кое ќе го транспортира до Кочани, каде ќе треба да даде исказ пред судија на претходна постапка.
Како за другите осомничени во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, така и за него се бара краткотраен притвор.
Видеото од неговиот транспорт погледнете го ТУКА.