Поранешниот министер во хрватската влада Јосип Дабро објави оглас на Фејсбук за продажба на „Фолксваген Пасат“ од 2020 година и остави опис: „Еднаш е пукано од него“. Дабро во јануари даде оставка и е под истрага за пукање со автоматско оружје кое нелегално го поседувал.
Екс-министерот беше под притисок да ја даде оставката на почетокот на годината, кога во јавноста протече видео на кое се гледа како тој преку отворен прозорец пука од пиштол ХС-2000.
Според огласот кој сега го објавил Дабро, „пасатот“ е регистриран во Винковци, а Дабро за него бара 20.000 евра, пишува Индекс.
Против министерот е поднесено и обвинение за кршење на правата на децата. Во јавноста се појави снимка во која Дабро пука од автомобил во 2020 година го учел својот 12-годишен син да пука со калашников и да активира рачна бомба од типот М-52.
ПОРАНЕШНИОТ ХРВАТСКИ ВИЦЕПРЕМИЕР Го учел синот да пука со калашников и да ракува со граната
Според хрватското државно обвинителство ДОРХ, Дабро од 2020 до 2024 година постојано изложувал деца на опасност, обучувајќи ги да ракуваат со оружје и експлозиви. Снимката што беше обелоденета покажува малолетници кои користат оружје под негов надзор, што предизвика осуди и повици за негово гонење.
ДОРХ побара одземање на пратеничкиот имунитет на Дабра, по што му беше одредена мерка притвор поради ризик од влијание врз сведоци, каде што помина четири дена. Дабро тврди дека обвиненијата против него се политички мотивирани и негира делови од наводите, како што е тврдењето дека му дал рачна бомба на дете.
Полицијата извршила претрес на неговиот имот и пронашла нелегално оружје, додека обвинителството посочува дека со неговите постапки била загрозена безбедноста на децата и се прекршени законите за огнено оружје.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
