Топ Вести - Слушај сега
Полицијата поднесе кривични пријави против четири лица од Штип, меѓу кои и поранешни претседатели на Здружението на инвалиди на трудот – Штип, поради сомнение за злоупотреба на службената положба и измама.
Како што соопшти СВР Штип, пријавени се Ј.В. (83), В.Џ. (80) и Т.А. (68), сите од Штип, за продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама при добивање кредит или друга погодност“. Четвртопријавената З.С. (44) од Штип се товари за продолжено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“.
Според истрагата, во периодот од септември 2012 до октомври 2024 година, тројцата пријавени како претседатели на здружението ги префрлале дневниците што ги заработувала секретарката З.С. на сметка на нејзината мајка, со цел таа да не го изгуби правото на социјален, детски и образовен додаток.
Понатаму, З.С. со лажно прикажување факти го довела во заблуда и новиот претседател на здружението дека постои долг кон нејзината мајка, по што во име на здружението бил склучен договор за отстапување побарување. По смртта на мајка ѝ, таа склучила ист договор и со својата ќерка.
Истрагата утврдила и други неправилности. Првопријавениот и второпријавената исплаќале надоместоци за седници што не биле одржани, како и еднократна финансиска помош на лица кои немале право на тоа.
Третопријавениот, пак, склучил договор за закуп на станбен простор додека огласот сѐ уште бил во тек, без да ги разгледа сите пристигнати понуди. Во повеќе наврати си префрлал пари од службената на личната сметка и извршил исплата на правно лице за наводни угостителски услуги.
Со овие дејствија, првите тројца осомничени го оштетиле буџетот на здружението за 297.730 денари, додека четвртопријавената се стекнала со противправна имотна корист од 88.234 денари.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
