Background

Поранешната сопружници Ким Кардашијан и Канје Вест влегоа во војна како никогаш досега

Поранешната сопружници Ким Кардашијан и Канје Вест влегоа во војна како никогаш досега. Телевизиската ѕвезда е гневна поради тоа што го направил нејзиниот поранешен сопруг, контроверзниот рапер и дизајнер.

Сето тоа е поврзано со нивната ќерка Норт Вест (11) и тоа е прилично вознемирувачко, пишува „Њујорк пост“.

Канје Вест објави нова песна „Осамените патишта сепак водат кон Сонцето“ (Lonely Roads Still Go to Sunshine), во која се појавуваат неговата ќерка Норт Вест, Пи Диди и синот на осудениот рапер за сексуален напад Кристијан Кинг Комбс.

- Advertisement -
Ad image

Вест ја објави песната на мрежата Икс, заедно со детали за пораките кои ги разменил со Ким, а подоцна ја избришал преписката. Ким Кардашијан побарала да се заштити името на нивната ќерка, на што добила одговор од Канје: „Никогаш повеќе нема да зборувам со тебе“.

Ким побарала заштита на името на нивната ќерка и тој се согласил да не го злоупотребува, што значи дека името на девојчето ќе може јавно (на овој начин) да го користи кога Норт ќе наполни 18 години.

Таа го потсетила на договорот за заштита на имињата на сите нивни деца, за никој друг да не ги злоупотребува. Поранешниот пар бил во брак од 2014 до 2022. И имаат два сина и две ќерки.

„Промени го тоа или ќе има војна, и нема да се опоравиме од јавниот испад, ќе мора да ме убиете “, експлицитен бил Канје Вест, тврдејќи дека одлуката на неговата поранешна го натерала да се чувствува како да е во затвор.

Ким отиде дотаму што побарала итно посредување со посредник и судија, но упатените рекоа дека Канје не се приклучил. Тој наводно ветил дека нема да ја објави песната.

Ким Кардашијан не сака името на нивната ќерка да биде вклучено во контроверзите околу Канје Вест, а само дел од тие полемики е неговата промоција на маички со свастика и популаризација на Адолф Хитлер.

Таа, исто така, не сака Норт да се поврзува со името Пи Диди, кој е обвинет за низа злосторства, вклучително и сексуално насилство врз деца.

Норт Вест отпеа дел од неговата песна за време на нејзиниот престој во студиото на нејзиниот татко, а потоа Вест ја вметна таа секвенца во песна со Пи Диди, кој е во затвор во Њујорк и го чека продолжението на неговото судење, закажано за мај.

Канје Вест го бранеше Пи Диди минатиот месец, пишувајќи „ослободете го“ на мрежата Икс, а потоа ги повика познатите личности кои не зборуваат за ова прашање. Тој објави дел од разговорот со синот на уапсениот рапер, Кристијан Комбс.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation