Поранешната портпаролка на градот Задар, Ирис Бајло, е пронајдена мртва во стан во Загреб, објави Zadarski.hr.
Од Полициската управа во Загреб потврдија за Н1 дека жена починала во стан во Загреб и, како што ни велат, било утврдено дека нема елементи на кривично дело.
Бајло беше сопруга на Новица Петрач, син на Хрвоје Петрач, кого го запознала додека работела како портпарол. Тие се венчаа во 2009 година.
По бракот, Бајло се посвети на семејниот живот, а во 2016 година стана лице на грчки козметички бренд. Таа се занимавала и со претприемништво и лансирала бренд за козметика на хрватскиот пазар, објавува Zadarski.hr.
Дипломирала новинарство на Факултетот за политички науки во Загреб, а потоа се запишала на постдипломски студии во Загреб.