Background

Поранешен возач на камион негира вмешаност во снајперски напади

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Во судот во Милано денеска е сослушан 80-годишен маж, под сомнение дека бил еден од учесниците во „Сараево сафари“ односно плаќал за со снајпер да убива цивили за време на опсадата на главниот град на БиХ, Сараево, што траеше од 5 април 1992 до 29 февруари 1996 година.

- Advertisement -
Ad image

Осомничениот е поранешен возач на камион, кој според неговиот адвокат, тврди дека е невин.

Италијанската полиција во октомври отвори истрага за патувањата на „воени туристи“ откако италијанскиот весник „Ил Џорнале“ во јули минатата година објави дека голем број Италијанци, претежно богати симпатизери на крајната десница и ентузијасти за оружје, наводно оделе на ридовите околу Сараево за време на војната во БиХ, за да пукаат во цивили, а за тоа им плаќале на војската на босанските Срби околу 100.000 евра дневно.

Осомничениот 80-годишник италијанските медиуми го опишуваат како страстен ловец, сопственик на неколку огнени оружја и носталгичен по фашизмот, наводно јавно се фалел дека отишол во БиХ за да „лови луѓе“.

Обвинителството во Милано минатата есен почна прелиминарна истрага по жалбата на италијанскиот новинар и писател Ецио Гаванеци, заснована првенствено на две сведоштва во документарниот филм „Сараево сафари“ на словенечкиот режисер Миран Зупанич, објавен во 2022 година.

Обвинителството на БиХ минатата недела потврди дека одделението за воени злосторства ги истражува осомничените странски државјани поради наводни убиства на цивили во текот на 1.425 дена опсада на Сараево.

Поранешната градоначалничка на Сараево, Бенјамина Кариќ во 2022 година поднесе кривична пријава во БиХ по прикажувањето на документарниот филм „Сараево сафари“.

Градскиот совет на Сараево кон крајот на јануари усвои резолуција со која му се дозволува на сегашниот градоначалник Самир Авдиќ да „се придружи на кривична постапка“ во италијанските судови. Овој потег има за цел да понуди поддршка на италијанското обвинителство во овој случај.

Според официјалните бројки на БиХ, за време на најдолгата опсада во историјата на модерното војување, во Сараево убиени се повеќе од 11.500 луѓе, меѓу кои и  неколку стотици деца. Голем број од овие жртви беа застрелани од снајперисти распоредени на ридовите околу градот.

Според Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија, ова беше случај на тероризирање на цивилното население. Сепак, ниту еден снајперист никогаш не беше лично повикан на одговорност, осудени се само воени и политички лидери.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation