Поради поставување сообраќајна сигнализација и дилатации на еластичната одбојна ограда, сообраќајот на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка од денеска до 14 април ќе се одвива со изменет режим.
Фирмата изведувач „Гранит“ АД Скопје информира дека активностите ќе се реализираат согласно одобрение за времена измена на режим на сообраќај од Министреството за транспорт, издадено на 14 март 2025 година, а активностите на терен ќе почнат денеска.
– Ве известуваме дека на 17 март 2025 година ГД „Гранит“ АД Скопје ќе почне со градежни активности за монтажа на дилатации на еластичната одбојна ограда на вијадуктите и со поставување сообраќајна сигнализација на експресниот пат А2, на делницата Крива Паланка -Длабочица – соопштија од „Гранит“.