По долг период на тропски горештини кои на некои места достигнаа дури 43 степени, граѓаните денеска конечно ќе почувствуваат олеснување. Од попладне следува пад на температурите, нестабилно време со можни дождови и грмежи, а освежувањето ќе продолжи во наредните денови.
Денешниот ден започна сончево, со мала до умерена облачност, но според најавите на метеоролозите, попладне и во вечерните часови се очекува развој на нестабилност со пороен дожд и грмежи на повеќе места низ земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер, кој попладне во западниот регион ќе се засилува и ќе добие западен правец, додека долж Повардарието ќе дува северен ветер – токму тој ќе донесе и најголемо освежување.
Минималните утрински температури се движат од 13 до 22 степени, додека максималните, иако сè уште високи, ќе бидат значително пониски од претходните денови – од 30 до 37 степени.
Во Скопје денот започна сончево со умерена облачност, но во попладневните часови, особено во делови од котлината, се најавува појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ветерот ќе биде северен, повремено засилен, а максималната температура ќе достигне до 36 степени.
Освежувањето нема да трае само еден ден – до четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со чести локални врнежи и грмежи. Ветерот ќе биде умерен до повремено засилен, главно од северен правец, а температурите ќе продолжат да опаѓаат.
Од петок се очекува стабилизација на времето и постепен пораст на дневните температури, но не толку интензивно како што беше во претходните денови.
Tagged as:
Попладне дожд и грмежи во некои делови од земјава
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
