Помилуваниот свекор на Иванка стана амбасадор

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Таткото на зетот на американскиот претседател Доналд Трап ќе биде нов амбасадор на САД во Франција, објави Политико. Чарлс Кушнер, татко на познатиот Џеред Кушнер, е познат по тоа што беше помилуван од Трамп во 2020 година откако беше осуден за за манипулирање со сведоци и даночно затајување.

Кушнер се изјасни за виновен во 2005 година по 18 точки од обвинението, вклучувајќи даночно затајување, манипулирање со сведоци и давање нелегални донации за кампањата. Тој помина две години во затвор, што беше најдолгиот можен период според договорот за признавање на вина со обвинителите.

На сослушување во Сенатот Кушнер рече дека ги признава сериозните грешки од минатото и дека тие би можеле да му помогнат да биде подобар амбасадор бидејќи ја платил цената за лошите одлуки.

– Оттогаш, претседателот Трамп ме помилува. Но, не седам тука пред вас денес и не ви кажувам дека сум совршена личност. Не сум совршена личност. Направив многу, многу, многу сериозна грешка и платив многу висока цена за таа грешка.

Синот на Чарлс, младиот Џеред Кушнер, кој е во брак со Иванка Трамп, е познат по својата улога како висок советник во Белата куќа и по контроверзниот проект за изградба на луксузен комплекс во срцето на Белград.

Во периодот од 2017 до 2021 година, Кушнер служеше како висок советник на претседателот Трамп, каде што беше задолжен за клучни иницијативи како што се Блискоисточниот мировен процес, трговски договори и реформи во кривичната правда. Тој беше главниот архитект на т.н. „Договори Авраам“, кои доведоа до нормализација на односите меѓу Израел и неколку арапски земји .

Кушнер не е единствениот свекор по брак за кого Трамп си најде место во владата. Масад Булос, свекорот на Тифани Трамп, најмладата ќерка на претседателот, е виш советник во администрацијата.

Share This Article