Background

Полициските дронови го контролираат теренот

Денеска е ден на демократијата, денеска македонските граѓани ќе можат да си го остварат
своето право на глас во рамки на едни фер и демократски избори да си ги изберат своите
градоначалници и советнички листи, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тој извести дека само во едно место, село во општина Прилеп, гласањето започнало подоцна.

Министерот очекува мирна, демократска и фер изборна атмосфера. Ги повика сите граѓани да го остварат своето право на глас.

- Advertisement -
Ad image

Тошкоски додаде дека се активирани над 90 отсто од силите со кои располага МВР и се фокусирани на спроведување на мирен изборен процес.

– Ги преземаме сите дејствија коишто треба да се преземат. На терен сме, ги контролираме оние жешки точки. Засега нема никакви проблеми. Имаме констатирано 4 настани кадешто има потенцијално нарушување на изборниот молк во текот на вчерашниот ден. Се постапува и се истражува. По утврдувањето на целосната фактичка состојба ќе биде известена јавноста – изјави Тошковски.

Претходно, Министерството за внатрешни работи извести дека за време на Локалните избори континуирано презема мерки и активности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес.

„Согласно направените проценки и воспоставените планови на денот на изборите полициските службеници ќе бидат присутни во близина на локациите на избирачките места, како и на клучните сообраќајни точки, со цел зголемена ефикасност и навремено откривање на можни нарушувања на јавниот ред и мир. Безбедноста на граѓаните ќе биде гарантирана со стандардните материјално технички средства, мобилни тимови и пунктовско работење, а ќе се користи и современа технологија – дронови за воздушна контрола со цел побрза реакција и преземање на соодветни мерки и активности во случај на инциденти“, соопшти МВР.

МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера, да ги почитуваат упатствата на полициските службеници и да се воздржат од било какви активности кои би можеле да го нарушат изборниот процес.

Полицијата ќе ги обезбедува гласачките места непрекинато за времетраењето на гласањето, по затворањето на гласачкото место и за време на сумирањето на резултатите и ќе ги отстранува сите неовластени лица од објектите.

Полицијата го обезбедува избирачкиот одбор до предавање на записникот и изборниот материјал на општинската изборна комисија, односно изборната комисија на Градот Скопје.

Избирачкиот одбор ќе се грижи за одржување на редот и мирот на гласачкото место и може да го отстрани секое лице кое го нарушува редот и мирот на гласачкото место. Членовите на одборот можат да побараат помош од полицијата за воспоставување ред на гласачкото место.

Претседателот или заменикот на претседателот на избирачкиот одбор може да ја повика полицијата во просторијата каде што се гласа доколку има потреба од тоа. Во објектот и просторијата каде што се изведува гласањето и во нејзина близина, избирачкиот одбор во соработка со полицијата е должен да ги отстрани пропагандните материјали.

Полицијата по барање на претседателот или заменикот на претседателот на избирачкиот одбор е должна да ги отстрани неовластено присутните лица во објектот и просторијата за гласање, како и неовластено присутните лица од објектот каде што се изведува гласањето во радиус од 100 метри.

Избирачкиот одбор може да го прекине гласањето, ако на гласачкото место се наруши редот, сè додека тој не се воспостави. Гласањето може да се прекине и во случај на временски непогоди или други вонредни околности. Избирачкиот одбор ќе го прекине гласањето ако приодот до гласачкото место не го обезбедува полиција, а за тоа имало потреба или ако таа е повикана и не се одѕвала на повикот. Ако гласањето е прекинато подолго од еден час, гласањето ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа. Причините за прекинот на гласањето и времето за кое гласањето се прекинало се внесуваат во записникот на избирачкиот одбор.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation